Сопругата на Ким Џонг Ун се појави во јавност после една година: Која е најмрачната приказна за Ри Сол Џу?
- Детали
- среда, 17 февруари 2021
Ри Сол Џу, сопругата на лидерот на Северна Кореја – Ким Џонг Ун, се појави во јавност после цела година. Никој ја немаше видено од јануари 2020-та, а нејзиното „исчезнување“ се поврзуваше со наводна бременост или болест.
Некои медиуми дури и се прашуваа дали е сè уште жива.
Синоќа двојката присуствуваше на концерт по повод најголемиот празник во земјата - роденденот на таткото на Ким Џонг Ун, поранешниот лидер кој почина во 2009-та година.
Северна Кореја, тврди дека официјално нема забележано случаи на корона вирусот, па така, на настанот никој не носеше ниту маска, ниту пак се практикуваше социјална дистанца.
Последните информации е дека Ри, се дистанцирала од јавноста за да помине повеќе време со децата (се верува дека имаат три деца), но и за да се заштити од вирусот.
Би можело да ви биде интересно и: Чудни фотки кога Ким Џонг Ун се обидува да се однесува нормално
Кои се најмрачните приказни кои се врзуваат за Ри Сол Џу?
Најстрашната приказна веројатно е онаа каде ја нарекуваат „убиец во сенка“.
Британски „Телеграф“ во 2013-та пишуваше дека Ким Џонг Ун донел одлука за погубување на неговиот тетин Џанг Сонг Тек, наводно со благослов на тетка му Ким Кјонг Хуи.
Тетинот на севернокорејскиот диктатор е стрелан заради предавство. Веднаш бил отстранет од сите фотографии и наречен „ѓубре“. Иако Ким Џонг Ун оваа одлука пред сè ја донел за да ја демонстрира својата моќ, аналитичарите велат дека конците биле во рацете на две жени – тетката и сопругата на диктаторот.
„Ким Џонг Ун и неговата тетка по секоја цена сакаат да го одржат режимот на династијата Ким. Таа му е советник уште од 2009-та година.“ - изјавил Ли Јун Кјол, шефот на центарот за стратешки информации во Сеул.
Аналитичарите сметаат дека подеднакво важна улога во одлуката за погубување на тетинот имала и неговата сопруга. Ја опишуваат како ладнокрвна, а наводно таа стои и зад погубувањето на љубовницата на Ким – Хјон Сонг Вол.
Една од теориите е дека токму тетката на Ким е онаа која ги запознала. Секако, ова се непотврдени теории.
Прочитајте уште неколку интересни факти за Ри Сол Џу: Како е да се биде сопруга на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун - Факти за Ри Сол Џу
Е. П. | Црнобело / фото: Reuters