Како е да се биде сопруга на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун - Факти за Ри Сол Џу
Таа секогаш е во сенка на својот авторитетен сопруг, но сепак се обидува да влијае врз него за подобрување на животот на жените во Северна Кореја.
За приватниот живот на суровиот диктатор на Северна Кореја Ким Џонг Ун се знае многу малку, па токму затоа и неговата сопруга Ру Сол Џу е мистериозна фигура.
Таа ретко се појавува во јавноста и за разлика од сопругите на другите владетели на држави, нејзиното име речиси и не се појавува во медиумите.
Неколку интересни факти за сопругата на севернокорејскиот диктатор:
Таа е ќерка на интелектуалци
Родена е во приморскиот град Chongjin во семејство на учител и докторка. Нејзината година на раѓање е од 1985 до 1989 година, но не се знае точно.
Била навивачка во младоста
Пред да се омажи за лидерот таа студирала на најголемиот универзитет во Северна Кореја Kim Il Sung University, кој се наоѓа во Пјонгјанг.
Во 2005 година ја посетила Јужна Кореја, како член од делегацијата за поддршка на севернокорејските атлети.
Била пејачка
Ли Сол Џу краток период учела соло пеење во Кина и Ким Џонг Ун за првпат ја забележал за време на една изведба со државниот оркестар, каде учествувала и таа.
Мајка е на три деца
Се верува дека родила две ќерки, отприлика во 2010 и 2013 година и син во февруари 2017.
Кружат гласини дека раѓањето на трето бебе не било нејзина желба, ѝ било наложено да го стори тоа за државата да добие наследник.
Ги прекршува правилата
Ли Сол Џу е првата сопруга на лидер во Северна Кореја која ги прекршува правилата.
Таа е првата што храбро ја потстрижала косата куса. Сите први дами пред неа носеле долга коса.
Има страст за светски модни брендови, како Chanel и Dior и си дозволува да носи парчиња од нив.
Во Северна Кореја задолжително е да се носи беџ со портрет од лидерот, но таа не го прави тоа и си носи беџ по своја желба.
Го убеди сопругот да им даде повеќе слобода на жените во Северна Кореја
И покрај моќта и авторитетот на Ким Џонг Ун, Ли Сол Џу успеа да го омекне малку својот сопруг.
Тој им дозволи на жените да носат панталони, дури и фармерки, чевли на високи потпетици и да возат велосипед.
Уште неколку постари фотки од неа:
С. С. | Црнобело