Жена со изглед на „природна“ Барби добива понуди за откупување на нејзините јајце клетки
- Детали
- сабота, 20 февруари 2021
Во светот постојано се појавуваат луѓе со чудни приказни, а една од нив е Марсела Иглесијас од Лос Анџелес која тврди дека мажите сами ѝ нудат пари за нејзини јајце клетки за да имаат деца што ќе личат на неа.
Марсела Иглесијас од Лос Анџелес на Инстаграм е потпишана како кралица на Холивуд и има повеќе од 326.000 следбеници.
Таа се претставува себеси како Барби и открива дека мажи ја молат да им продаде од своите јајце клетки за да имаат деца што ќе личат на неа.
Марсела откри дека еден фан ѝ пишал и конкретен предлог, но таа не прифаќа ништо помалку од 40.000 евра за една јајце клетка.
Иако тврди дека е природна, има потрошено повеќе од 67.000 евра за ботокс, филери во образи и други козметички третмани. Вели дека не направила пластична операција досега.
Открива дека многу ѝ годат понудите за откупување на нејзините јајце клетки, затоа што не постои подобар комплимент од тоа, но луѓето имаат поделено мислење на оваа тема.
Таа се има појавено во многу ријалити шоуа и во филмовите Antifaz и The Country Singer.
Фотки од Марсела:
С. С. | Црнобело