Братчиња ја донираа долгата коса за деца болни од рак – 5 години трпеле потсмевање од соучениците поради изгледот

Кејлеб (11) и Арон Текабеворк (9) се братчиња од Филаделфија кои речиси пет години ги растат нивните коси, за да можат да ги донираат за изработка на перики за дечиња кои ја изгубиле косата.

bratchinja-ja-doniraa-dolgata-kosa-za-bolni-od-rak-5-godini-trpele-potsmevanje-od-souchenicite-poradi-izgledot-01.jpg

Кога Кејлеб имал 7, а Арон 5 години, тие изгледале документарец за младо девојче кое имало рак и кое добило перика направена од донирана коса.

Тогаш братчињата одлучиле да ги пораснат нивните коси, за и тие да можат да помогнат некому. Децата дури се соочувале и со потсмев и малтретирање на сметка на нивните долги коси, но сепак не се откажале од целта.

bratchinja-ja-doniraa-dolgata-kosa-za-bolni-od-rak-5-godini-trpele-potsmevanje-od-souchenicite-poradi-izgledot-02.jpg

На почетокот на февруари, Кејлеб и Арон ја донираа нивната коса во добротворната организација Wigs for Kids, која прави перики за деца кои ја изгубиле косата поради хемотерапија, радиотерапија, изгореници и други слични проблеми.

Истовремено, братчињата собраа 3.415 долари, кои ќе бидат донирани во институција која прави истражувања за ракот.

„Беше стресно да ја растеме косата скоро пет години, бидејќи постојано ни се заплеткуваше и некогаш ни требаа часови да ја отплеткаме.

Покрај тоа, истрпивме многу малтретирање и потсмевање на училиште. Но, токму ова ни даваше можност да објасниме зошто си ги растеме косите.

Постојано се потсетував зошто ја растам косата. Продолжив со ова бидејќи сакав да ја постигнам целта без разлика на сè“, изјавил Кејлеб.

bratchinja-ja-doniraa-dolgata-kosa-za-bolni-od-rak-5-godini-trpele-potsmevanje-od-souchenicite-poradi-izgledot-03.jpg

Нивната мајка, која е медицинска сестра, вели дека останала без зборови кога децата ѝ кажале што сакаат да прават:

„Беа толку мотивирани од документарецот, што веднаш ме прашаа дали и тие можат да ја пораснат и донираат косата како децата што ги виделе во филмот. Кога им кажав дека е возможно, веднаш одлучија дека ќе го прават тоа, и оттогаш ниту еднаш не ја скратија косата“.

bratchinja-ja-doniraa-dolgata-kosa-za-bolni-od-rak-5-godini-trpele-potsmevanje-od-souchenicite-poradi-izgledot-06.jpg

Косата на момчиња пораснала околу 48 сантиметри, а симболично решиле да ја скратат и донираат на 4-ти февруари – светскиот ден на борбата против ракот.

„Тоа беше само обично потстрижување, но и двајцата првпат одевме на бербер, па бевме малку нервозни. На крај, се фотографиравме со косата, во знак на збогување“, вели Арон.

bratchinja-ja-doniraa-dolgata-kosa-za-deca-bolni-od-rak-5-godini-trpele-potsmevanje-od-souchenicite-poradi-izgledot.jpg

bratchinja-ja-doniraa-dolgata-kosa-za-bolni-od-rak-5-godini-trpele-potsmevanje-od-souchenicite-poradi-izgledot-04.jpg

bratchinja-ja-doniraa-dolgata-kosa-za-bolni-od-rak-5-godini-trpele-potsmevanje-od-souchenicite-poradi-izgledot-09.jpg

Најдоброто кај организацијата Wigs for Kids е тоа што ги известува донорите кога некое детенце ќе добие перика од нивната коса.

„Сакам да ги сретнам овие деца бидејќи изминативе неколку години мислам само на тоа. Мислам како ќе ги запознаеме и колку ќе бидат среќни!“, вели Арон.

Двете братчиња планираат повторно да го направат истото, но велат дека прво ќе почекаат година-две, за да можат да пробаат некоја нова фризура.

„Сигурно ќе почекам малку за да можам да пробам и други фризури, бидејќи досега ја носев косата само собрана во опавче!“, изјавува Кејлеб.

bratchinja-ja-doniraa-dolgata-kosa-za-bolni-od-rak-5-godini-trpele-potsmevanje-od-souchenicite-poradi-izgledot-05.jpg

Прочитајте и Малиот Дарин од Скопје ја скрати косата за првпат и ќе ја донира за дечиња болни од рак (фото)

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg