Невеста бара дозвола од сопругот на свадбата да си го гушне бившиот за последен пат (видео)
- Детали
- среда, 03 февруари 2021
„Денес му бара дозвола за ова, утре може ќе му побара за нешто друго, сирот сопруг“, е само еден од ироничните коментари за оваа чудна свадбена сцена.
Девојка од Малезија само секунди откако му кажа „да“ на својот нов сопруг на свадбената церемонија, го праша дали може да го гушне поранешното момче за последен пат.
Младоженецот со збунет израз на лицето ѝ даде одобрение. Таа го прегрнува, му зборува и го трие по грбот, додека сопругот збунето гледа. Потоа и тој го прегрнува поранешното момче на сопругата.
Видеото објавено на TikTok предизвика лавина од реакции и многумина се чудат како невестата можела да има вакво чудно барање на денот на свадбата.
Некои се пошегуваа дека добро е што барем побарала дозвола, други дека утре може ќе му побарала дозвола за нешто друго, а пак трети сочувствуваат со него и му порачаа: „Ти момче заслужуваш подобро“.
Што мислите вие за оваа сцена?
@mayangkumay Balas @nikennalee well netizen yg terhormat semua bebas berpendapat dipersilahkan ? #fyp
-->♬ original sound - Mayangkumay
С. С. | Црнобело