Куче-херој од Филипините спасило новороденче оставено во депонија

Кон крајот на декември минатата година, во филипинскиот град Сибонга, еден маж спасил напуштено бебе, и тоа благодарение на помошта од едно куче кое не престанувало да лае по човекот додека тој не тргне по него до местото каде што било оставено бебето.

kuche-heroj-od-filipinite-spasilo-novorodenche-ostaven-vo-deponija01.jpg

На 24-ти декември 2020-та година, еден маж по име Хунрел Фуентес Ревила се возел со својот мотор во близина на филипинскиот град Сибонга, кога налетал на улично куче кое не престанувало да лае.

36-годишниот Хунрел застанал и решил да го следи, бидејќи кучето постојано одело по него. Според Cebud Daily News, локален филипински медиум, кучето го однело мажот до една депонија, и таму тој нашол напуштено новороденче завиткано во крпа.

kuche-heroj-od-filipinite-spasilo-novorodenche-ostaven-vo-deponija-02.jpg

kuche-heroj-od-filipinite-spasilo-novorodenche-ostaven-vo-deponija-03.jpg

Хунрел веднаш се јавил во полиција и го однел новороденчето во најблиската болница. Подоцна од полицијата изјавиле дека бебето е згрижено и ги замолиле локалните жители да кажат ако имаат некаква информација во врска со неговите родители или личноста којашто го оставила таму.

Наводно, уште не се знае кој го оставил бебето во депонијата, но, најважно, тоа било со одлично здравје.

kuche-heroj-od-filipinite-spasilo-novorodenche-ostaven-vo-deponija-10.jpg

kuche-heroj-od-filipinite-spasilo-novorodenche-ostaven-vo-deponija-04.jpg

Кога се расчула приказната, членовите на една организација која згрижува улични кучиња го нашле кучето и сфатиле дека тоа сепак има сопственик.

„Вчера го најдовме кучето херој и потврдивме дека не е улично, туку дека има прекрасно семејство“, пишува на Фејсбук страницата на организација.

kuche-heroj-od-filipinite-spasilo-novorodenche-ostaven-vo-deponija-06.jpg

Името на кучето е Блеки, а за него се грижи маж, Куја Линдон Олингеј, кој чува дури 9 други кучиња. Целата приказна е уште поневеројатна бидејќи мажот, кој е татко на четири деца, е сиромашен, но сепак го дава најдоброто од себе за своите кучиња.

„Без разлика колку е тежок животот, иако сум сиромашен, ги хранам моите кучиња и добро се грижам за нив“, изјавил тој за филипинските медиуми.

kuche-heroj-od-filipinite-spasilo-novorodenche-ostaven-vo-deponija-07.jpg

Во знак на благодарност за херојскиот подвиг на Блеки, организацијата собрала храна, намирници и пари за Куја, неговите кучиња и неговото семејство. Истовремено, тие испратиле и ветеринар кој бесплатно ги прегледал и вакцинирал сите кучиња на Куја.

kuche-heroj-od-filipinite-spasilo-novorodenche-ostaven-vo-deponija-05.jpg

kuche-heroj-od-filipinite-spasilo-novorodenche-ostaven-vo-deponija-08.jpg

kuche-heroj-od-filipinite-spasilo-novorodenche-ostaven-vo-deponija-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg