Пар живее во дрвена колиба од 14m2 среде шума во Шведска - без струја и вода (фото)

Во 80 години стара колиба со одгледување на своја храна и вечера на свеќи, на страна од светот... Звучи како привлечен начин на живот, зарем не?

par-zhivee-vo-drvena-koliba-od-14m2-srede-shuma-vo-shvedska-bez-struja-i-voda-foto-01.jpg

Матијас, Това и нивниот син Ивар живеат во колиба среде шума во Шведска. Тие се доселиле во колибата без струја и вода пред 8 години.

Нивните денови ги минуваат во природа преку ден и со активности на свеќи навечер. Сами си одгледуваат храна, чуваат домашни животни, а нивната колиба е голема само 14m2. Имаат соларни панели со кои си ги полнат телефоните.

Тие постојано снимаат видеа како изгледа нивниот живот и прикачуваат на нивниот Јутуб канал, наречен Talasbuan.

Парот не ја открива точната локација на нивниот дом и вели дека ужива во животот отсечен од остатокот од светот.

Матијас потекнува од Финска, а Това од Шведска. Таа пораснала во шведско село, кое се наоѓа на неколку километри од нивната колиба.

Двајцата сакале слободен и релаксиран животен стил и велат дека мотото им е ако нешто се скрши - да го поправат, а не да купат ново.

Земјиштето на кое се наоѓа колибата е на семејството на Това, па така тие немало потреба да се задолжуваат со кредити за да си обезбедат дом.

Колибата е стара 80 години и била наменета само за летување, но Матијас и Това ја приспособиле за да живеат таму во текот на целата година.

Најблиското село е на неколку километри, а наблискиот град е на 100 километри оттаму.

Како изгледа нивниот живот низ фотографии:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“ „Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече...
Растеле во мизерни услови со родители алкохоличари - светски ѕвезди кои биле сиромашни како деца Џастин Бибер немал пари ни за сок. Ники Минаж секоја вечер на колена се молела д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg