Бизарно: 35-годишна Русинка доби дете со својот 21-годишен посинок
- Детали
- понеделник, 18 јануари 2021
Уште еден бизарен случај во низата, кој нѐ тера да се запрашаме каде отиде светот, зошто се заборавија вистински морални начела и семејни вредности...
Марина Баламашева (35) е инфлуенсерка од Русија која им откри на следбениците дека се состанува со 21-годишниот Владимир, момче кое го запознала додека била во брак со неговиот татко Алекси, односно момче кое ѝ било посинок.
Марина била во брак со Алекси (45) цели 13 години пред да се разведат, а неговиот син Владимир го запознала кога бил 7-годишно момче и тој оттогаш е дел од нејзиниот живот.
По разводот, Марина стапила во врска со Владимир, кој тогаш имал 20 години, и објавиле дека планираат да се венчаат.
Минатото лето Марина и Владимир најавиле дека ќе станат родители, а сега ја имаат нивната биолошка ќерка и другите 5 деца кои Марина ги посвоила додека била во брак со Алекси.
Марина на својот Инстаграм профил отворено говори за својата контроверзна врска со Владимир, а дури и самата објави фотографија од кога се запознале, кога тој бил 7-годишно момче, а таа 22-годишна девојка.
Исто така, откри дека направила некои пластични операции за да изгледа добро за својот драстично помлад партнер.
Ова е уште еден драстичен пример колку работите се изместени во светот и како, за жал, се заборава на вистинските морални вредности.
Фотки од парот: