106-годишна бабичка вторпат го победи корона вирусот – која е тајната на нејзината долговечност?

Оваа баба од Англија е инспирација за сите - ги преживеала двете светски војни и три пандемии, го прославила 106-иот роденден откако вторпат го „победила“ корона вирусот.

babichka-od-anglija-vtorpat-go-pobedila-korona-virusot-na-nejziniot-106-ti-rodenden01.jpg

Мери Николсон живее во дом за стари лица во Англија, а за Нова година вторпат се заразила со корона вирус. Но, токму пред нејзиниот 106-ти роденден, таа добила негативен тест, што значи дека двапати го победила вирусот.

За роденденот Мери изјавила дека сега се чувствува поздраво од кога било, а тврди дека тајната за нејзината долговечност е пиењето полномасно млеко, јадењето путер, но и чашка виски секоја вечер.

Вработените во домот ја разбудиле Мери со торта, честитки и подароци за нејзиниот роденден, а таа вели дека било прекрасно што конечно излегла од изолација и добила толку внимание од нејзините најблиски.

babichka-od-anglija-vtorpat-go-pobedila-korona-virusot-na-nejziniot-106-ti-rodenden-02.jpg

„Тоа беше голем роденден – наполнив 106. Не можам да ви опишам колку прекрасен беше мојот роденден. Беше убаво што добив толку честитки и подароци. Навистина беше убаво што можев да прославам после изолацијата. Се чувствувам добро после вирусот и ништо не може да ме сопре. Ќе се вратам во нормала што е можно побрзо“.

babichka-od-anglija-vtorpat-go-pobedila-korona-virusot-na-nejziniot-106-ti-rodenden-04.jpg

Мери нема сопруг и деца, но вели дека има големо семејство со кое едвај чека да прослави штом ќе заврши пандемијата.

„Многу ги сакам и премногу ми значат. Би сакала да се овде со мене“, вели таа за своите сакани.

babichka-od-anglija-vtorpat-go-pobedila-korona-virusot-na-nejziniot-106-ti-rodenden-05.jpg

Мери е родена во 1915-та година, за време на Првата светска војна. Нејзиниот татко потекнува од Шкотска, но се преселил во Ливерпул за да најде подобра работа. Мери ги преживеала двете светски војни, но и пандемиите во 1918, 1957 и 1968 година. Нејзиниот живот не бил воопшто лесен – мајка ѝ починала кога таа имала пет години, а татко ѝ пет години подоцна.

Според нејзината 68-годишна внука, Мери е силна и независна жена, но и личност полна со љубов.

„Таа немаше лесен живот. Ги изгубила родителите во детството, но не се откажала, работела напорно и до денес ми е инспирација. Таа живееше во нејзиниот дом до 102-годишна возраст. Живееше потполно сама – таа е многу независна жена. Дури и пазареше за една нејзина сосетка која имаше околу 100 години“.

babichka-od-anglija-vtorpat-go-pobedila-korona-virusot-na-nejziniot-106-ti-rodenden-03.jpg

Семејството на Мери и вработените во домот биле исплашени за нејзиниот живот кога таа првпат се заразила со вирусот. Вториот пат не биле сигурни дали таа воопшто ќе преживее.

Но, сега Мери се чувствува одлично, а нејзиното семејство на шега вели дека тајната за нејзината долговечност се „добрата храна и тоа што се држи понастрана од мажи“.

babichka-od-anglija-vtorpat-go-pobedila-korona-virusot-na-nejziniot-106-ti-rodenden-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg