Грците викендов го поминаа на плажа – јануари им донесе високи температури и бегство од „затворање“ (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 11 јануари 2021
Јануарската температура на некои делови од Грција достигна до 25 степени Целзиусови, па Грците не пропуштија шанса за зимско капење во море, а воедно го избегнаа затворањето дома.
И покрај тоа што Грција е „затворена“ поради рестрикциите за заштита од корона пандемијата, Грците најдоа начин да избегнат седење дома, а во тоа им помогна неочекуваниот топлотен бран, кој ќе трае уште неколку дена.
Додека Шпанците во Мадрид за првпат во 50 години се соочија со снежна бура, викендов делови на Грција имаа прекрасно сончево време среде јануари, каде температура достигна 25 степени Целзиусови, што не се случило во последните 50 години, според грчките медиуми.
Вообичаено, во овој период од годината таму е многу поладно според локалните жители.
Во Атина, Кавури, Крит и уште неколку места низ Грција, каде температурите беа високи, парковите и плажите беа преплавени од посетители, кои како со душа да го чекале доброто време кое ќе ги извади од депресивното седење дома.
Сепак, според фотките, многумина не се придржуваат до мерките за заштита, па полицијата патролирала насекаде за да одржува ред и дистанца.
Пелопонез
фото: ARGOLIC NEWS
фото: ARGOLIC NEWS
Глифада
фото: protothema.gr
фото: protothema.gr
фото: protothema.gr
Кавури
фото: protothema.gr
Атина
Крит
фото: protothema.gr
М. М. | Црнобело