Најголемиот фестивал на мраз и снег во светот - сцена како од зимска бајка (фото + видео)
- Детали
- понеделник, 11 јануари 2021
Замислете палати и замоци од мраз и снег, снежни лавиринти, куполи, ресторани, мостови... Отпатувајте на миг на еден од најголемите фестивали на мраз во светот „Harbin Ice Festival“.
Како сцена од снежна бајка веќе години наназад се одржува меѓународниот фестивал на мраз и снег во Харбин во Кина.
Тоа е најголемиот фестивали на мраз во светот и годинава се одржа 37-ми пат по ред со тема „Магичниот Харбин“.
Фестивалот на скулптурите од мраз и снег отворен е на 5-ти јануари 2021 година, а ќе трае до 25-ти февруари.
Снежни лавиринти, кристални кугли, замоци и палати од мраз, сето тоа во разни бои изгледа како магија. Има можност и за санкање, хокеј на мраз, скијање и други спортски активности.
За да се изгради овој „снежен град“ донесени се илјадници блокови мраз од реката Songhua, од кои е градено сѐ, па дури и мостови и ресторани.
За првпат „Harbin Ice Festival“ се одржал во далечната 1963 година.
За влез на фестивалот се мери температура и се почитуваат препораките.
Погледнете ја оваа зимска магија:
Како изгледа процесот на креирање на оваа зимска бајка:
https://www.youtube.com/watch?v=l4NcKV-1Iww&feature=emb_logo
С. С. | Црнобело / Фото: EPA