49-годишна жена со недели се дотерувала како за на бал за фрлање ѓубре
- Детали
- петок, 08 јануари 2021
Дали и вас ве „излуде“ пандемијата, па почнавте да се дотерувате со часови за одење на кафе, само од причина што ви недостига што нема за каде да се дотерате?
Изминатата година беше навистина чудна, па затвореноста дома нѐ натера на разни чудни работи.
Ни недостига комуникација со луѓе, ни недостигаат излегувања во град, ни недостигаат поводи за дотерување.
Па, така една жена одлучи да се дотерува за фрлање ѓубре и 20 седмици по ред, еднаш неделно, вака да ги развеселува соседите и да си прави забавни фотки.
49-годишната Никола Метјус од Велика Британија за фрлање ѓубре не само што облекувала елегантни аутфити, туку си правела и фризура и се шминкала. Тоа ѝ станало неделна традиција.
Некои од аутфитите ѝ се инспирирани дури и од филмови како Austin Powers и Desperate Housewives.
Дел од забавните фотки на Метјус:
С. С. | Црнобело