„Парите не ми се за тоа што мислите“ – со 189 милијарди, Илон Маск стана најбогатиот човек на планетата

„Треба да прашувате зошто сакам пари. Причината не е тоа што мислите. Имам многу малку време за рекреација. Немам викендички или јахти или нешто слично.“ - Илон Маск го помина Џеф Безос и за кратко време стигна на врвот на листата на најбогати луѓе на планетата, а открива на што ќе го потроши богатството, проценето на 189 милијарди долари.

parite-ne-mi-se-za-toa-shto-mislite-so-189-milijardi-ilon-mask-stana-najbogatiot-chovek-na-planetata-01.jpg

Џеф Безос, основачот на Amazon, беше најбогатиот човек во светот од 2017-та, но неделава вредноста на Tesla, компанијата на Илон Маск, стигна до 700 милијарди долари, со тоа ставајќи го Маск на првото место. Според светските медиуми, сега Tesla вреди повеќе од Toyota, Volkswagen, Hyundai, GM и Ford заедно.

parite-ne-mi-se-za-toa-shto-mislite-so-189-milijardi-ilon-mask-stana-najbogatiot-chovek-na-planetata-04.jpg

Илон имаше и навистина интересна реакција на Twitter кога се расчу веста. Прво милијардерот напиша „Колку чудно“, а веднаш потоа објави твит кој гласи: „Па, назад на работа“.

Претходно Илон има споделено како планира да го троши богатството:

„Треба да прашувате зошто сакам пари. Причината не е тоа што мислите. Имам многу малку време за рекреација. Немам викендички или јахти или нешто слично.

Околу половина од моите пари ќе ги искористам за да ги решам проблемите на Земјата, а другата половина за да направам град на Марс, со цел да се продолжи животот (на сите видови) во случај Земјата да биде удрена од метеор или ако почне Трета светска војна и самите се уништиме“.

За разлика од Безос кој неретко е критикуван дека само алчно го „трупа“ богатството, изгледа Илон навистина се обидува да направи позитивна промена во светот.

„Само да знаете, конструктивните критики се секогаш ценети, како и донирањето пари за работи што навистина можат да направат промена“, напиша тој на Твитер.

Потоа милијардерот додаде и дека ова донирање некогаш е многу потешко отколку што изгледа.

Денес Илон има околу 189 милијарди долари, а на почетокот на 2020-та беше 35-иот најбогат човек. Ова значи дека за само 12 месеци, тој успеа да се искачи на врвот. Илон поседува 20% од акциите на Tesla, a e сопственик и на SpaceX – компанијата која соработува со НАСА и веќе направи ракета со која беа лансирани астронаути на Меѓународната вселенска станица.

parite-ne-mi-se-za-toa-shto-mislite-so-189-milijardi-ilon-mask-stana-najbogatiot-chovek-na-planetata-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Потрошив 50.000 долари за да личам на Мерилин Монро – мислам дека не ми стои добро“ Направила операции на градите, носот, задникот, вградила ботокс и филери, коишто...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Има само 2 години, а продава слики за 6.000 евра – Детенце од Германија го споредуваат со Пикасо Лоран создава ремек-дела на само 2 години. Не сака да излезе од студиото за слик...
Исповед на мајка: „Немам пари за екскурзиите на децата – се срамам кога роднините ми нудат помош“ „Ми беше тешко да му соопштам на синот дека нема да оди со другарчињата. Видов к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg