Бизарно: По 5 години „врска“ девојка се венчала со својот куфер
- Детали
- вторник, 05 јануари 2021
Луѓето низ светот прават навистина бизарни потези понекогаш, а потегот на 24-годишната Русинка дефинитивно е еден од нив.
Рејн Гордон (24) е учителка од Москва, Русија, која вели дека отсекогаш сексуално и романтично ја привлекувале предмети, и покрај тоа што имала врски со неколку мажи во минатото.
Во 2015 година таа го сретнала куферот, кој знаела дека еден ден ќе ѝ стане „сопруг“. Откако го купила, се вљубила во него и го крстила Гидеон.
Неколку месеци подоцна вели дека врската со него ѝ станала официјална, а сега, 5 години подоцна, се венчала со него.
„Мојата фасцинација од предметите почна од 8-годишна возраст. Уште од детството верував дека тие имаат душа, како и сѐ друго околу нас. Верувам дека има живот во сѐ. Јас гледам со часови во Гидеон и го чувствувам неговото присуство. Најмногу време заедно минуваме навечер, а имаме филозофски разговори со часови“, вели Рејн која додава дека иако во минатото била заинтересирана за повеќе предмети, Гидеон бил нејзината прва вистинска љубов.
Бракот на Рајн, се разбира, не е легален, а „парот“ бил венчан онлајн од пријател на Рајн во јуни.
С. С. | Црнобело