Инфлуенсерка стана мета на критики откако се пофали со сите патувања во 2020-та (видео)
- Детали
- недела, 03 јануари 2021
Девојка од Прага го разлути светот со видео во кое се фали за своите патувања во 2020-та. „Ова е толку навредливо за медицинските лица“, е еден од коментарите.
За повеќето од нас 2020 не беше година што ќе ја паметиме по добро, глобалната пандемија одзеде многу животи, па затоа Барбора Ондрачкова е инфлуенсерка која стана мета на онлајн критики со презентирањето на нејзините патувања.
Копенхаген, Дубаи, Будимпешта беа само дел од нејзините дестинации во време кога короната е раширена низ целиот свет.
Неодамна, таа во TikTok видео ги презентираше сите нејзините патувања, каде се забавува, пие, оди на шопинг, ручеци и во ниту еден миг не носи маска и не одржува дистанца, како што е препорачано.
„Ова е толку навредливо за медицинските лица и за сите други што се обидуваат да ја преживеат пандемијата, но не, ти само продолжи да си танцуваш“, „Ова се случува кога едноставно игнорираш низ што поминува светот“ се само дел од осудувачките коментари.
Видеото на Барбора што поттикна револт:
@travelinmysoul And ##2020 went like... ##yearwrapped
♬ original sound - Dormun