Инфлуенсерка го згрози светот затоа што позира со пленот што го лови со свршеникот ловџија
- Детали
- четврток, 31 декември 2020
Пред 4 години Кристин го запознала својот сегашен свршеник ловџија и оттогаш станала вљубеничка во ловот, но многумина ја осудуваат и се згрозени од нејзините фотографии на Инстаграм.
Кристин Ихдон (28) е лајфстајл инфлуенсерка од Кентаки, која почна да се занимава со лов од 2016 година, откако го запозна својот сегашен свршеник Чад.
Таа сега лови елени и мисирки со него, а поради објавите на фотографии со пленот на Инстаграм многумина се згрозени од неа.
Нејзините следбеници не се многу воодушевени од нејзината нова страст и не им се допаѓа што лајфстајл содржините што ги презентира ги дополнува со фотки од лов.
Но, и таткото и дедото на Кристин се ловџии и Кристин вели дека објавува вакви фотографии за луѓето да почнат да го гледаат ловот во поинакво светло. Сепак, реакциите што ги предизвикува се измешани.
Според неа, ловот е важен за зачувување на видовите. На пример со ловот на елени вели дека се контролира популацијата на елени затоа што во спротивно достапната вегетација и живеалиштето на видот може да бидат загрозени. Многумина ова никако не го оправдуваат.
Фотографии од Кристин: