„Син ми (5), игра видео игри по 6 часа на ден – но, барем е мирен и не морам да го набљудувам постојано“

Минатата година предизвика бурни реакции кога се дозна дека таа се вози во прва класа, а децата ги праќа во економска, а сега инфлуенсерката Наоми повторно ги „разгоре“ фановите со нова изјава.

sin-mi-5-igra-video-igri-po-6-chasa-na-den-no-barem-e-miren-i-ne-moram-da-go-nabljuduvam-postojano-01.jpg

Наоми Истед е британска ТВ презентерка и моден инфлуенсер, има две деца, а нејзиното секојдневие го следат повеќе од 100.000 фанови на Инстаграм.

Заради нејзината работа, таа често патува, а со себе ги носи и своите 2 деца, но во 2019-та ја разбранува јавноста кога се дозна дека таа лета во прва класа, а нејзините деца ги праќа економска класа.

За оваа постапка, нејзиното објаснување беше дека ѝ е потребно време да се фокусира на работата и да си ги среди мислите додека патува, па затоа одбира прва класа.

sin-mi-5-igra-video-igri-po-6-chasa-na-den-no-barem-e-miren-i-ne-moram-da-go-nabljuduvam-postojano-02.jpg

Помеѓу другите причини заради кои патува во прва класа, таа додаде дека не треба да ги научи децата од мали на тоа и дека неа никој не ѝ дал ништо на тацна во животот.

Неодамна, 41-годишната мајка, повторно предизвика бурни реакции кај фановите со нова изјава поврзана со воспитувањето.

Наоми изјави дека нејзиниот 5-годишен син поминува по 6 часа во денот играјќи видео игри, а дека во карантинот ѝ потрошил околу 700 фунти купувајќи онлајн игри.

sin-mi-5-igra-video-igri-po-6-chasa-na-den-no-barem-e-miren-i-ne-moram-da-go-nabljuduvam-postojano-03.jpg

За својот син таа вели дека е зависник од технологија и дека сака да си игра на што и да фати во раце – од телефон до лаптоп, но според неа тоа е подобро отколку постојано да пази на него и да набљудува што прави.

„Ми треба да се занимава со нешто – кога игра на компјутер е безбеден и знам дека не трча по куќата со можност да падне и да се повреди. Исто така знам и дека ќе биде тивок, па кога сум на телефон нема да вреска или да се расправа со неговата 10-годишна сестра.

Но, дефинитивно неговото хоби не е поисплатливо од дадилка. Тој успеа да потроши 700 фунти на онлајн купување игри во само 8 недели за време на карантинот. Не знаеме како успева во тоа, ги имаме ставено сите можни контроли и сепак успева да нарача нешто.

Верувам дека многу родители ќе мислат дека сум луда, но не ми е грижа. Моите деца се побезбедни бидејќи ги знам сите апликации кои ги користат.“

sin-mi-5-igra-video-igri-po-6-chasa-na-den-no-barem-e-miren-i-ne-moram-da-go-nabljuduvam-postojano-04.jpg

Повеќе фотки од Наоми и семејството:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg