„Мислев дека нема да преживее“ – Жената која го спаси детето оставено да гладува, сега спаси детенце со ХИВ

Ања Рингрен Ловен има спасено многу деца од Нигерија, а неодамна ја сподели приказната на малиот Сејвиор кој е ХИВ позитивен и го нашла на улица.

_ mislev-deka-nema-da-prezhivee-zhenata-poznata-po-spasuvanje-deca-od-nigerija-mu-pomogna-na-detence-so-hiv-1.jpg

Ања Рингрен Ловен е позната по спасувањето на малиот Хоуп, кој беше оставен на улица од неговите родители кои верувале дека е вештер.

mislev-deka-nema-da-prezhivee-zhenata-poznata-po-spasuvanje-deca-od-nigerija-mu-pomogna-na-detence-so-hiv04.jpg

Но, оваа неверојатна жена им го има променето животот на многу деца.

Ања, заедно со сопругот, им помага на дечиња од Нигерија кои се оставени на улица или кои немаат родители и ги згрижува во нејзиниот центар. Таму, тие имаат можност за образование и шанса за пристоен живот.

Неодамна, Ања ја сподели емотивната приказна за уште едно детенце од Нигерија, кое го спасила пред една година.

Детенцето го добило името Сејвиор, инспирирано од англискиот збор „saviour“ што значи „спасител“.

„Пред точно една година добив повик за да разгледам некој сериозен случај. Мало момче било забележано на патот и било во животна опасност. Ова се случуваше пред Божиќ, и сите бевме зафатени со украсување на центарот за нашата голема забава, а одеднаш требаше да се подготвиме за спасувачка мисија.

Кога го најдовме Сејвиор имаше многу болки. Не бев сигурна ни дали ќе преживее.

Сејвиор беше ХИВ позитивен, а кога се заразени, повеќето деца во Африка умираат за помалку од една година, бидејќи немаат пристап до третман.

Девет од десет деца на возраст до 19 години кои имаат ХИВ се во Африка, а еден од најдобрите начини да се избориме против стигмата за овие луѓе е да зборуваме за ова отворено и искрено.

Во центарот со години ги учиме децата за СИДА и знаат дека ХИВ вирусот не ги прави луѓето опасни. Заедно со вработените, децата се обидуваат да ги подучат сите околу нив и им кажуваат да не ги дискриминираат ХИВ позитивните луѓе.

Како што рекол Нелсон Мандела: 'Да им дадеме публицитет на ХИВ и СИДА и да не ги криеме, бидејќи тоа е единствениот начин да изгледаат како нормална болест'.

Сејвиор беше спасен навреме и итниот третман му го спаси животот. Денес, една година подоцна, Сејвиор е многу силно и среќно дете. Сака да оди на училиште и да игра фудбал.

Сејвиор многу ужива во новиот живот во нашиот центар, каде што постојано е опкружен со љубов, грижа и заштита“, пишува во нејзината објава.

Ана споделила и две фотографии од Сејвиор. Едната е направена кратко откако бил спасен, а втората е од неодамна и од насмевката на детенцето се гледа колку му е подобар животот сега.

Кога го пронашла:

mislev-deka-nema-da-prezhivee-zhenata-poznata-po-spasuvanje-deca-od-nigerija-mu-pomogna-na-detence-so-hiv-02.jpg

Денес:

mislev-deka-nema-da-prezhivee-zhenata-poznata-po-spasuvanje-deca-od-nigerija-mu-pomogna-na-detence-so-hiv-03.jpg

Прочитајте и 5 години подоцна: Како изгледа денес детенцето кое беше оставено да гладува на улица? (фото)

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg