Пред и потоа споредби: Фотограф им помага на дечињата од Бангладеш кои се принудени да работат во фабрики
- Детали
- среда, 09 декември 2020
Иако е забрането, во Бангладеш многу мали деца работат во фабрики, и тоа во ужасни услови. Затоа, еден фотограф решил да им помогне на барем неколку да излезат од фабриките и да почнат да одат на училиште.
Фотографот познато како GMB Akash, или Акаш, од Бангладеш со години се обидува да им помогне на децата од неговата држава.
На неговиот веб-сајт, Акаш објаснува дека во Бангладеш постои сериозен проблем со деца кои се принудени да работат. Иако во државата е забрането децата да работат уште од 1992-ра, тој самиот е сведок дека оваа забрана не се почитува.
„13 години откако беше ставена забраната, посетив една фабрика за текстил во Бангладеш. Тогаш го фотографирав сопственикот како удира 12-годишно момче бидејќи многу бавно ги шиело блузите.
Фотографијата привлече многу внимание и ме натера сериозно да го разгледам овој проблем. Според УНИЦЕФ, 7,4 милиони деца во Бангладеш се принудени да работат. Повеќето од нив работат во ужасни услови, а некои си го ризикуваат и животот“, пишува фотографот.
Иако државата се обидува да се справи со овој проблем, според Акаш промените се одвивале премногу бавно, па решил самиот да преземе нешто.
Не знаејќи што друго да прави, тој решил да го финансира образованието на неколку деца, така што ќе им даде можност за подобар живот.
„Од почетокот на мојата кариера сакав да ја променам ситуацијата и да ја зголемам свеста за ова страдање. Сепак, не ми се допаѓаше што овие промени се случуваа премногу бавно.
Затоа, одлучив директно да им помогнам на луѓето, а почнав со оние коишто ги фотографирав и со кои веќе сум соработувал. Им помагам на родителите да најдат подобра работа, за да не мораат да работат и нивните деца и да можат да одат на училиште“.
Она што е навистина чудно е фактот дека на Акаш не му било лесно да ги убеди родителите да ги пуштат децата на училиште.
Поради сиромаштијата, ретко кој родител сметал дека образованието е поважно од одењето на работа. А, бидејќи родителите немаат средства за образованието на децата, Акаш плаќа сè од неговиот џеб – учебници, прибор, облека за на училиште, па дури и им дава пари на родителите за да им ја олесни ситуацијата.
„На овој начин им имам помогнато на 30 деца и постојано ги набљудувам. Ги посетувам нивните домови и училиштата за до проверам што се случува.
Надежно, за неколку месеци ќе можам да испратам уште 10 деца на училиште. Ова значи дека за неколку месеци, ќе има 40 деца кои ги избегнале ужасните услови за работа и сега се на училиште. Ја презедоа одговорноста да се грижам за нивното образование целиот мој живот“.
Акаш е познат и наградуван фотограф и за среќа може да го поднесе овој финансиски товар. Тој вели дека скоро сите пари што ги заработува се за децата од Бангладеш, а за него остава дел колку да си ги покрие основните трошоци.
Акаш направил и серија „Пред и потоа“ фотографии, на кои се гледаат дечињата на којшто им помогнал.
Од насмевките на нивните лица е повеќе од очигледно колку се среќни што конечно имаат можност да одат на училиште и да бидат деца, наместо да работат.
Спирова С. | Црнобело