Потрошила милиони за да биде како Ким Кардашијан: „Ме застануваат на улица за фотка, секогаш купувам облека како нејзината“
- Детали
- понеделник, 30 ноември 2020
Троши милиони на облека и додатоци за да биде во тренд со модата на Кардашијанс, изгледот го одржува со ботокс и филери, а дури и нејзиниот пластичен хирург ја советувал да го забави темпото – која е девојката која е копија на Ким?
Chaly D.N. е девојка која живее во Лондон и со нејзиниот изглед многу потсетува на Ким Кардашијан, а иако троши многу пари на козметички процедури, не признава дека сака да личи на неа, туку само ѝ се восхитува.
Таа е свесна за нивната сличност, а со милиони долари потрошени на облека како нивната и пластични операции, таа го добива своето внимание како копија на Ким.
„Луѓето секогаш ми велат дека личам на Ким. Секојпат кога ќе ме видат, ме застануваат за да се сликаме. Го обожавам вниманието кое го добивам.“
Има потрошено илјадници евра на исти парчиња како на Ким, а најголема опсесија ѝ се чантите на кои потрошила цело богатство.
„Морам секогаш да ги менувам облеките и чантите за да бидам во чекор со Кардашијанс. Секоја сезона ја менувам облеката и имам потрошено богатство. Пријателите и семејството ми велат да успорам. Потрошив премногу на облека и изглед, па постојано се загрижени.“ - изјавила девојката во едно интервју.
Иако не се откажува од козметичките процедури за да го одржи изгледот, таа сепак вели дека не ја копира Ким намерно, туку така изгледа природно.
Таа смета дека Ким е најубава жена во светот и никогаш нема да ѝ здодеат споредбите со неа. За Chaly, Ким е паметна, деловна жена која ја гледа како икона.
Повеќе фотки од копијата на Ким Кардашијан:
https://www.instagram.com/p/CECyB1zHFd6/
https://www.instagram.com/p/B9Pg3DtnrqU/
М. М. | Црнобело