Забранета љубов: Јапонската принцеза ќе се откаже од круната за да се омажи за „обичен човек“
- Детали
- петок, 20 ноември 2020
Јапонската принцеза Мако (29) е најстара ќерка на Фумихито, принцот Акишино и Кико, принцезата Акишино. Таа постојано ги одложува плановите за венчавка иако уште пред неколку месеци откри дека е подготвена да се откаже од кралскиот статус за да може да се омажи за „обичен дечко“.
Го запознала својот партнер Комуро Кеи во 2012-та за време на студиите во Токио, а се во интензивна љубовна врска веќе неколку години. Но, Мако ќе мора да се откаже од титулата принцеза ако се одлучи да се омажи за Кеи.
Тој ја запросил Мако уште во декември 2013-та, но својата врска ја чувале во строга тајност, сè додека таа не магистрирала во Велика Британија.
На јавноста ѝ беше откриено дека венчавката ќе се случи во 2017-та година, но брзо потоа соопштија дека церемонијата се преместува за следната година.
3 години подоцна, тие сè уште не се во брак – изговорите се дека е потребно повеќе време за организација, а пандемијата дополнително го одложи настанот.
„Бракот е наш избор и си го следиме срцето. Еден на друг сме си незаменливи, но ете, се најдовме во несреќни времиња, како и целиот свет. Во овој момент тешко е да кажам било што за нашите планови за иднината“ – е последната изјава на принцезата Мако.
„Би сакале да продолжиме да го планираме нашиот брак со консултација на нашите семејства“.
Јапонските медиуми шпекулираат дека една од препреките може да биде и фактот што Комуро е на студии на правниот факултет на Универзитетот Fordham во Њујорк кои би требало да ги заврши во 2021 година, а потоа да полага правосуден испит.
Јапонскиот кралски закон наложува дека принцезата мора да го напушти кралското семејство веднаш штом се омажи за некој кој не е со сина крв.
Во октомври 2018-та година, нејзината роднина, јапонската принцеза Ајако, се одрекла од титулата за да се омажи за „обичен човек“, вработен во компанија за градба на бродови.
Прочитајте и: Најконтроверзната принцеза: Од модел со разголени фотки и келнерка до круна во Шведска
Е. П. | Црнобело