Ќерката на Буш со стари фотки се потсети кога им покажувала скришни места на сестрите Обама во Белата куќа
- Детали
- четврток, 12 ноември 2020
„Пред 12 години на денешен ден Барбара и јас ги научивме девојчињата да се лизгаат по скалите и сите тајни на Белата куќа што ние ги обожававме кога бевме мали“ - се потсети ќерката на Џорџ Буш објавувајќи фотки од дружењето со Саша и Малиа Обама, кога Барак дојде во претседателска фотелја.
Кога Барак Обама дојде на местото на Џорџ Буш, семејството Буш со задоволство им направило тура на семејството Обама низ Белата куќа.
Па така, ќерката на Џорџ Буш, Џена, објави стари фотки во кои се потсетува на тие дамнешни времиња со Саша и Малиа Обама.
На фотките се гледа како децата на двете семејства се забавуваат во Белата куќа, а во описот стои:
„Пред 12 години на денешен ден – се довезов од работа во Балтимор за да се сретнам со мајка ми и сестра ми во Вашингтон, за да им покажеме на следните резиденти на куќата како изгледа нивниот нов дом.
Барбара и јас ги научивме девојчињата да се лизгаат по оградите на скалите и сите тајни на Белата куќа што ние ги обожававме кога бевме мали – најдобрите места за криење, киното, салата за куглање. Им ги покажавме нашите соби, кои наскоро требаше да станат нивни. 12 години!“
Џена и Барбара веќе биле на колеџ кога нивниот татко стана претседател, но според нивната мајка, тие се сеќаваат на моментите кога како деца си играле во Белата куќа, додека нивниот дедо бил претседател.
„Се видовме себеси во тие прекрасни девојчиња, бидејќи кога нашиот дедо стана претседател, бевме на нивна возраст. Знаеме што беше магично во Белата куќа. Ги научивме на многу работи. Бевме горди на тие девојчиња.“ - изјавува во една прилика Џена.
Барбара и Џена Буш со дедо им Џорџ Буш
М. М. | Црнобело