„Ова е чудо!“ – спасени две девојчиња кои поминале 3 дена под урнатините од земјотресот во Измир
- Детали
- понеделник, 02 ноември 2020
Неколку денови после катастрофалниот земјотрес во Измир, Турција, кој ги одзема животите на повеќе од 80 луѓе, беа спасени две девојчиња - едното има 14, а другото само 3 години.
На 30-ти октомври Измир беше погоден од катастрофален земјотрес, кој беше почувствуван и во околните држави. Земјотресот сруши неколку згради во третиот најголем град во Турција, а според турските власти, во Измир загинале 79 луѓе, а во Грција, на островот Самос загинале двајца тинејџери. Само во Турција, над 1.000 луѓе се повредени.
На 2-ри ноември, понеделник, спасувачите успеале да спасат 14-годишно девојче, кое било заробено под урнатините цели 58 часа. За жал, нејзината 8-годишна сестра не преживеала.
https://twitter.com/RachaelRuble/status/1323195963020877825
На големо радување на спасувачите, 7 часа откако го спасиле 14-годишното девојче, тие успеале да ја спасат и 3-годишната Елиф.
Околу 23 часа после земјотресот, било спасено семејството на Елиф, кое веќе почнало да губи надеж за неа.
Девојчето поминало дури 65 часа под урнатините и е 106-тата личност која е спасена досега (состојбата се менува зависно од деновите и периодот).
Од моментот на спасување се појави и фотографија, на која се гледа како рачето на малото девојче го држи мажот што ја спасил за прст.
Муамер, мажот кој го спасил девојчето, изјави дека кога ја здогледал Елиф под урнатините, си помислил дека е мртва.
„Кога ја исчистив прашината од нејзиното лице, ги отвори очите. Не ми се веруваше. Тоа беше чудо, вистинско чудо“.
A wounded three-year-old girl has been rescued Monday, days after a powerful magnitude 6.6 earthquake hit Turkey's Aegean coast.#elifperinçek #doğanlarapartmanı #izmir #turkey #türkiye pic.twitter.com/QYqAwd2yMW
— ANews (@anews) November 2, 2020
Бидејќи девојчето никако не го испуштило неговиот прст додека траела целата акција, Муамер вели:
„Сега јас сум нејзиниот поголем брат“.
Во Турција се поставени над 3.500 шатори и над 13.000 кревети, за да се направи привремено засолниште. Повредени околу 960 луѓе, а наводно, досега 740 од нив се во добра состојба и ја напуштиле болницата.
Спирова С. | Црнобело