Ја лажел љубовницата дека е разделен со жена му, сега живеат сите заедно (фото)
- Детали
- петок, 30 октомври 2020
Гилберт на Моника ѝ кажал дека е разделен со сопругата, но не било така. Таа се вљубила во него и сега живее во заедница со него, неговата сопруга и децата. Бизарно, зарем не?
Моника Сандовал (34) од Њујорк излегла на состанок со Гилберт Гомез (35), кој ѝ кажал дека е разделен од својата сопруга Жизел Гомез (30).
Моника била самохрана мајка и веднаш се вљубила во него. Но, наскоро дознала дека тој уште е со неговата сопруга. Интересно е што Моника вели дека подоцна се вљубила и во неа и сега живеат среќно како тројка во полигамна заедница.
Моника е лево
На почетокот сопругата на Гилберт била повредена, но потоа ја прифатила ситуацијата и сега функционираат одлично.
Со тројката живеат и нивните 5 деца на возраст од 4 до 14-годишна возраст. Едната ќерка на Моника и 3-те деца на Гилберт и неговата сопруга и едното заедничко дете на Моника и Гилберт, родено во 2016 година.
Двете жени имаат одделни спални соби за Гилберт да може да избере со која сака да спие. Сметаат дека токму бизарната ситуација е тајната на нивната среќна врска.
Заедно се 5 години и Моника вели дека некогаш е насамо со Гилберт, а некогаш се сите тројца заедно.
„Врската не ни е совршена, но ние сме сродни души“, изјави таа.
Многу мажи ќе помислат дека Гилберт е најсреќниот маж на светот, но ситуацијата навистина е бизарна.
Што мислите вие за оваа чудна заедница?