Девојчињата во училиште во Сиднеј учат како да сменат гума и да проверат масло на автомобил – и нас ни треба ова
- Детали
- среда, 28 октомври 2020
Мора да признаеме дека на младите луѓе дефинитивно им недостасуваат повеќе практични знаења и животни вештини, а училиште во Сиднеј со генијален потег ги учи девојчињата да не мора да чекаат маж да им смени гума.
Во Stella Maris College во Сиднеј, училиште за девојчиња, ученичките учат како да променат гума на автомобил, да го проверат пртисокот, да го контролираат нивото на масло и што да прават во случај на несреќа со автомобил.
Иницијативата е дел од програмата на Galmatic, за едукација на младите Австралијанци за автомобилите, со што ќе се чувствуваат побезбедно зад воланот, преку онлајн часови и работилници.
Од училиштето велат дека учениците го гледаат ова како корисна работилница и фидбекот бил многу позитивен, а посебно биле задоволни од девојките кои ја држеле обуката.
Една од целите на оваа програма е да им се покаже на младите, а во случајот посебно на жените, дека и тие може да бидат одлични возачи кои ќе се разбираат во автомобилите, па крајно време е да се срушат стереотипите за „лоши женски возачи“.
Вакви часови треба да има за сите млади луѓе, кои ќе знаат многу повеќе од само управување со автомобил, па нема да мораат да чекаат на родителите за помош кога на среде пат ќе останат со дупната гума.
М. М. | Црнобело