Жена, по 4 деца и развод, на 37 години стана Плејбој модел
- Детали
- петок, 16 октомври 2020
Цел живот имала желба да биде модел, а по разводот успеала да си го реализира својот сон.
Фиона Холингсворт (37) од Велика Британија вели дека ѝ се вратила самодовербата откако се развела и затоа одлучила да си ги реализира своите соништа.
Таа го запознала својот сопруг многу млада и на 21 година стапила во брак со него. Добиле 4 деца заедно, но нејзината страст за кариера на модел тлеела со години.
По разводот во октомври 2019 година, се пријавила на натпревар за убавина во костими за капење, а таму ја забележал некој од одговорните во Плејбој, па така започнала нејзината кариера како модел за Плејбој.
Сега, Фиона без проблем позира во провокативно издание и испраќа порака до другите мајки дека никогаш не е доцна за исполнување на своите соништа.
Правилно или погрешно, проценете вие:
С. С. | Црнобело