Бизарен потег – Девојка облечена во венчаница отишла кај момчето на работа спремна да се омажи веднаш (видео)
- Детали
- вторник, 13 октомври 2020
„Ми стави прстен на рака пред 2 години, време е или веднаш да се венчаме или да се разделиме“ – необична сцена во продавница во Америка.
На социјалните мрежи вирално се шири видео од необична случка.
Девојка облечена во невестински фустан, заедно со свештеник влегла во Target, продавница каде работи нејзиното момче, и го уценила веднаш да се венчаат.
Имено, тие биле верени веќе 2 години, а таа не сакала повеќе да чека, па решила на овој начин да го примора конечно да се венчаат или да се разделат „сега и веднаш“.
„Ми стави прстен на рака пред 2 години, сега е време да се венчаме или да се разделиме. Или ќе се венчаме веднаш или си заминувам. Готово е. Донесов и поп, ја донесов и Емили, таа е мојата старосватица.“ – изјавила девојката спремна да се венча.
Девојката која успеала да го сними видеото од оваа случка во Лас Вегас, не објавила што се случило понатаму, но дел од коментарите се дека „невестата“ требала уште веднаш да го остави момчето, а не да го моли да се венчаат. Што мислите вие?
@boymom_ashley The best part of my week? part 2 watched this woman hunt her man down that works at target !! ##target##bridzilla##lasvegas##fyp##fypシ
-->♬ original sound - Ashley
М. М. | Црнобело