Откорнати дрвја, разурнати локали: Траорен изглед на грчкиот остров Кефалонија по бурата Јанос (фото)
- Детали
- вторник, 22 септември 2020
Кога природата ќе збесне, човекот е немоќен... По бурата Јанос, грчкиот остров Кефалонија е непрепознатлив.
Грчкиот остров Кефалонија го погоди разурнувачката бура Јанос во петокот (18.09), а фотографиите од состојбата на островот по оваа природна непогода ќе ве наежат.
Откорнати дрвја, разурнати локали, уништени патишта, комплетно однесени плажи, направена е огромна материјална штета, а бурата за жал однесе и неколку човечки животи.
Локалните власти најавија дека нудат помош за загрозените од невремето и поплавите, а веќе се собираат и донации од граѓаните.
На социјалните мрежи и на локалните медиуми последните неколку дена постојано се шират фотки и видеа од последиците.
https://twitter.com/ScottDuncanWX/status/1306972994540122113?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1306972994540122113%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.rt.com%2Fnews%2F501090-kefalonia-jerusalem-beach-hurricane%2F
https://www.youtube.com/watch?v=scyrGpiDeN4&feature=emb_logo
Како изгледа островот Кефалонија по бурата:
С. С. | Црнобело / Фото извор: Kefalonia Press