Анистон и Кимел ги запалија пликоата за дезинфекција – Најчудни и најдобри моменти од виртуелните Еми награди 2020
Анистон накратко беше гостинка и заедно со Кимел ги запалија пликоата за дезинфекција
Гостинка во живо на сцената во Стејплс центарот беше Џенифер Анистон, која требаше да прогласи победник во категоријата главна актерка во комедија. Кимел направи дезинфекција со алкохол, а потоа и ги запали пликоата, а Џен го изгаси оганот. Потоа таа набрзина ја напушти сцената кога „дозна“ дека наградите се примаат дома, а таа е номинирана во една од категориите.
Анистон направи шега дека живее со ѕвездите од „Пријатели“
Подоцна во текот на ноќта, Кимел повторно ја приклучи Анистон, за да провери дали стигнала дома бидејќи се ближи нејзината категорија.
На видео конференциската врска се појавија и ѕвездите од „Пријатели“ кои се шегуваа дека живеат заедно и се однесуваа како да се „заглавени“ во дејството на серијата.
Кери Вашингтон и Рис Витерспун заедно го следеле настанот со тематска новогодишна забава во двор, во исчекување што побрзо да заврши 2020 година.
Номинираните морале однапред да снимат говор во случај да освојат награда – вака изгледа говорот на Ејми Шумер (која сепак не освои награда)
Зендеја испиша историја на Еми наградите – ја доби наградата за Најдобра главна актерка во драма серија и стана НАЈМЛАДАТА личност која ја добила оваа награда
https://twitter.com/chloexhalle/status/1307872346678599682?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1307872346678599682%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.buzzfeed.com%2Flaurengarafano%2Fzendaya-emmys-2020
M. M. | Црнобело