6 факти за нивото на хигиена во Јапонија, кое ги надминува сите стандарди
- Детали
- недела, 20 септември 2020
Во банкоматите банкнотите се чистат на температура од 200°C, при која 90% од бактериите се убиваат, а банкнотите се измазнуваат и изгледаат како нови.
За Јапонците хигиената е неверојатно значајна. Дури и според традицијата Јапонците пред важните молитви го мијат своето тело, па облекуваат бело кимоно.
Факти за завидното ниво на хигиена во Јапонија:
Сѐ е антибактериско
Во продавниците има цели рафтови полни со антибактериски средства и тоа уште пред пандемијата.
Јапонците ги соблекуваат чевлите секаде, од домови до ресторани, па за да се ослободат од непријатниот мирис на стапала во просториите уште во 1987 година смислиле антибактериски чорапи.
Во банкоматите банкнотите се чистат на температура од 200°C, при која 90% од бактериите се убиваат, а банкнотите се измазнуваат и изгледаат како нови.
Џвакањето мастика не им е потребно за свеж здив
Јапонците пијат апчиња кои содржат хлорофил за да се ослободат од лошиот здив. Тој блокира одредени супстанции кои предизвикуваат лош здив.
Но, апчињата имаат негативен ефект – на кратко го бојадисуваат јазикот во зелено.
Јапонците имаат и суплементи како што е екстракт од печурки за подобрување на работата на цревата и со тоа подобрување на состојбата на здивот.
Чистењето на ушите се смета за романтично
Во Јапонија не е чудно ако видите како маж ја става главата во скутот на својата сакана и таа со долг тенок инструмент му го чисти сулфурот од ушите. Таквата процедура се смета за нормална помеѓу партнерите, а и помеѓу членовите од едно семејство.
Но, оваа навика е всушност бескорисна затоа што сулфурот служи да ги спречи бактериите да влезат во ушниот канал.
Тоалетите имаат специјални направи за звуци за тие што се срамежливи
Многу Јапонци се срамат од помислата дека некој може да ги слушне додека извршуваат нужда, па смислиле специјална направа која го имитира звукот на водата што тече од чешма, наместо да пуштаат од чешма и да трошат вода непотребно.
Вакви направи има во поголемиот дел од јавните тоалети.
Миење на заби по секој оброк дури и во градинките и училиштата
Ова е дури еден групен ритуал кај децата, но и кај возрасните дури и кога се во јавност. Не е чудно да видите како некој си ги мие забите во канцеларијата на работа.
Сите чистат
Децата чистат во нивните училишта, возрасните чистат во нивните соседства, на концерти, наптревари итн.
Уште од најмала возраст се учат дека тие самите се одговорни за чистотата на околината.
С. С. | Црнобело