Простотилак: туристи во Рим фатени како се потпишуваат на фонтаната Треви
- Детали
- петок, 21 август 2020
Германец и Чехинка, туристи во Рим, биле строго казнети во италијанската престолнина. Тие биле фатени на дело кога сакале да ги изрежат своите имиња на фонтаната „Треви“.
Биле казнети со 450 евра на лице место, и им било наредено да се оддалечат. Ова е направено во согласност со одредбата за однесување на јавно место од историско - археолошко значење.
Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи на својот Твитер профил ја пофалила локалната полиција и нагласила:
„Никаква толеранција за оние кои ги уништуваат и оштетуваат спомениците“.
Заради пандемијата со Ковид 19, во Италија годинава има неколку милиони помалку туристи, но и оние кои се таму летово, покажуваат вистинско непочитување кон културно-историските споменици, што ја предизвика Виториа Згарби, историчар на уметност, со право да ги нарече туристите „варвари“.
Минатата недела во Фиренца на дело беше фатена 60 годишна туристка од Франција како на еден столб од Ponte Vecchio, со фломастер го испишува своето име и датум на денот во кој шетала низ градот. Била приведена и казнета парично 3.000 евра.
На почетокот на август, во Помпеја беа казнети уште два случаи на неодговорни туристи: жена која се качила на врвот на 2000 години стари остатоци за да направат селфи и еден дечко од Австралија кој ги искршил прстите на статуа за да направи селфи.
Е. П. | Црнобело