Ја нашминка 5-годишната ќерка со туш и црвен кармин и стана најкритикувана мајка
- Детали
- четврток, 20 август 2020
И додека Кети Прајс е горда што нејзината ќерка е нејзина мини верзија, другите ѝ порачуваат да ја остави малечката да биде дете.
Кети Прајс е поранешен модел кој одвреме-навреме поттикнува лавина од реакции со своето скандлозно однесување.
Така овојпат 42-годишната Прајс ја изреволтира јавноста откако својата 5-годишна ќерка ја нашминка исто како себе со туш на очите, сенки и црвен кармин на усните.
Таа е горда што малечката е нејзина мини верзија, но многумина ѝ порачаа да ја остави да биде дете.
„Толку е погрешно вака да нашминкате дете“, „Ќе ја уништиш кожата на својата ќерка“, „Навистина е несоодветно да ѝ ставаш туш“ се само дел од острите коментари.
Дали и вие би го осудиле потегот на оваа мајка?
С. С. | Црнобело