На островот Крф како никогаш да немало корона - група 19-годишни Италијанци се вратиле дома заразени
- Детали
- четврток, 13 август 2020
Седум 19-годишни Италијанци биле позитивни на тестот за корона вирус откако се вратиле од одмор на островот Крф.
Сите имаат благи симптоми и заедно со семејствата сега се во самоизолација.
Но, тие велат дека биле шокирани од однесувањето на Грците и дека воопшто не се изненадени што се заразиле.
„Цело време носевме маски, па дури и во дискотеките – иако бевме единствени и сите нè гледаа чудно. Еден ден решивме да ги извадиме и да се обидеме и ние да живееме нормално затоа што целиот остров функционира како да никогаш не постоел вирусот. Јасно ни е дека таа вечер погрешивме“. – изјавиле за Corriere Della Sera.
Тие изјавиле дека на островот нема никакви мерки за претпазливост, ниту задолжително носење заштитни маски и контрола.
Прочитајте и: Не, ова не се лански фотки и имало „бетер“ од нас - преполни плажи во Англија, Русија, САД (фото)
Е. П. | Црнобело