Италијанците пак ги отворја мини прозорците за вино кои се користеле за време на црна чума (фото)

Во Италија за време на корона пандемија се враќа традиција стара со векови – рестораните повторно ги отвораат закопаните мини прозорчиња во бетонските ѕидови, кои во времето на црната чума се користеле за послужување вино.

italijancite-pak-gi-otvorja-mini-prozorcite-za-vino-koi-se-koristele-za-vreme-na-crna-chuma-foto-01.jpg

Корона вирусот ги тера услужните дејности да размислуваат на најразлични начини како безбедно да работат, а во Италија рестораните враќаат во употреба трик кој се користел пред неколку века.

Кога црната чума пристигнала во Европа и покосила многу човечки животи, Италијанците во регионот на Тоскана направиле мини отвори во надворешните ѕидови на рестораните и од тие прозорчиња служеле вино.

„Луѓето можеа да тропнат на дрвените вратички од прозорците и да добијат полни шишиња вино од најпознатите италијански фамилии кои до ден-денес го произведуваат најдоброто вино.“ – велат од Асоцијацијата Wine Window.

Со тек на време, овие прозорчиња станале неупотребливи, а голем дел од нив биле уништени и закопани во поплавата во 1966-та.

View this post on Instagram

A post shared by Buchette del Vino (@buchettedelvino)

Но, неколку века подоцна, земјата е повторно нападната од невидлив пријател. Корона вирусот натера голем број од рестораните повторно да ѝ се навратат на оваа традиција.

Како ви се допаѓа оваа идеја?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
Дечко од Велика Британија ја запроси саканата со напис на овен (фото) „Па, ова не е баш тоа што го очекуваш кога ќе тргнеш да бараш овца на рид, но......
„Ми ги отстранија двете гради поради рак - Гордо ги покажувам лузните за да им помогнам на другите ж... „Кога ми беше дијагностициран рак, се приклучив на Фејсбук група за млади жени с...
Дете на 2-годишна возраст се искачи до камп на Монт Еверест на 5.364 метри и сруши рекорд (фото) Со своите две години, малиот Картер од Англија стана најмладата личност која сти...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg