Браво! Од улицата покрај морето, Солун пренамени една автомобилска лента за велосипедисти

Што сѐ би дале сега за едно кафе покрај море во Солун? За жал, ова ќе мора да почека, но сепак оттаму стигнуваат убави вести кои треба да нѐ поттикнат да направиме вакви промени и во Скопје.

bravo-od-ulicata-pokraj-moreto-solun-edna-avtomobilska-lenta-ja-prenamenuva-vo-2-velosipedski-01.jpg

Дали и вие кога одите во Солун сте воодушевени од бројот на велосипедисти, но и едновремено иритирани колку простор зафаќа велосипедската патека од пешачката зона?

Сега, ситуацијата покрај морето ќе биде сосема поинаква.

Солун полека се стреми кон тоа да стане велосипедски град, а доказ за ова е последната промена со која дел од лентите за автомобили е претворен во лента за велосипедисти, а пешачката зона е проширена.

„Од познатата крајобална улица Солун одзема една автомобилска лента и ја пренаменува во 2 велосипедски ленти.

Сега патеката покрај морето ќе биде целосно за пешаци и нема да си сметаат едни со други велосипедистите и пешаците.

До распределбата на просторот е. Таа мора да биде поправична.

Солун е град каде има повеќе пешачки зони и тие и тротоарите навистина се слободни од автомобили, за разлика од Скопје.

Но сепак, тротоарите знаат да се тесни, велосипедски патеки има многу малку и доминираат автомобили во градската слика. Затоа, ова е значајна промена напред.

Највредните градски простори (покрај реки, езера, море) мора да се простори за луѓе, а не автоцентрични.“, напишаа на Фејсбук профилот НаТочак, кој е одличен мотиватор за тоа и Скопје да стане велосипедски град.

POP Up велосипедска лента и во Солун! Од познатата крајбрежна улица Солун одзема една автомобилска лента и ја...

Posted by НаТочак - NaTochak on Thursday, July 23, 2020

С. С. | Црнобело / Фотографија од UG Ulice za bicikliste (twitter)

Би можело да ве интересира:

Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
Беше жив Кен, а сега е пластична жена со секси дечко покрај неа – кожата ѝ се распаѓа по операциите Од жив Кен сакаше да се претвори во Барби, но неуспешно - пријателите велат дека...
Се разведоа, но и по 28 години сѐ уште живеат заедно – Дали најскандалозната кралска двојка пак ќе с... „Ние сме најсреќниот разведен пар во светот. Ние се разведовме еден со друг, а н...
„Никој не ми верува дека имам 58 години – Како го одржувам младешкиот изглед?“ Покрај вежбањето, пиењето многу вода и балансираната исхрана, Ники открива дека ...
„Браво, ова е одраз на добро воспитување“: Девојче делеше бонбони на градежни работници и стана хит ... „Ова девојче е одраз на вистинско воспитание“ – стои во дел од коментарите на ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg