Уште еден доказ дека Македонците треба да учат од нив – Јапонците забранија истовремено одење и гледање во телефон
- Детали
- понеделник, 06 јули 2020
Многупати сме увиделе дека Јапонците се светлосни години пред нас, а тоа го докажаа и со оваа генијална идеја – тие први забранија истовремено одење и гледање во телефон. Дефинитивно ова ни треба и на нас.
Одењето по тротоари и улици додека сите со наведнати глави гледаат во телефоните, може да биде многу ризично, па Јапонците решија да стават крај на оваа навика.
Јапонска компанија спровела истражување што би се случило ако 1.500 луѓе минуваат улица во Токио, на еден од најпрометните пешачки премини, и гледаат во телефон, а резултатите покажале дека две третини од пешаците не би поминале на другата страна од улицата без инцидент.
Водени од тоа, градот Јамато во Јапонија е првиот кој се обиде да ги сопре луѓето од оваа лоша навика.
Засега нема казни, но жителите на улиците се пречекани со соопштенија, писмени и звучни, кои ги потсетуваат на забраната за одење и гледање во телефон и луѓето ги почитуваат правилата.
Повеќе нема удирање во бандери, во случајни минувачи и невнимателност заради загледување во телефон.
Погледнете уште 15 докази зошто Македонците нема никогаш да ги разберат Јапонците
М. М. | Црнобело