Пандемијата драстично ни го промени животот – новите норми во рестораните ширум светот, низ фотографии
Понекогаш, ако не им обрнувате внимание на маските, јадењето во ресторан изгледа како и порано.
Луѓе чекаат во ред за да нарачаат храна. Доставата до дома и опцијата „за носење“ станаа многу популарни изминативе неколку месеци.
Келнерка ја дезинфицира масата во ресторан во Бали. Рестораните ги преземаат сите мерки за опкружувањето да биде што почисто.
Сите ресторани со задоволство најавија дека почнуваат со работа, но истовремено апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките за дистанцирање.
И во пекарите и кафетериите се почитуваат мерките - вработен во пекара прима нарачки со заштитна маска.
Во некои ресторан сè уште не може да се седи и се примаат само нарачки за носење.
И баровите постепено почнаа да се отвораат, а тамошните вработени постојано носат маски.
Спирова С. | Црнобело