Пандемијата драстично ни го промени животот – новите норми во рестораните ширум светот, низ фотографии
- Детали
- вторник, 30 јуни 2020
После неколку месеци, рестораните и кафетериите ширум светот полека почнуваат со работа. Но, бидејќи опасноста од корона вирусот сè уште демне, сите објекти следат строги правила со цел да се намали можноста за зараза.
Можеби ние веќе се навикнавме на овој начин на живот, но факт е дека денес одењето во ресторан е многу поразлично отколку пред само 5-6 месеци.
И вработените, и посетителите треба да следат многу правила – сите мораат да носат маски, рестораните работат со намален капацитет, постојано се прави дезинфекција на површините…
Во продолжение погледнете како изгледа новата норма на рестораните кои неодамна повторно почнаа со работа:
Работник во ресторан служи храна со маски и ракавици. Во многу објекти се инсталирани и заштитни прегради помеѓу вработените и муштериите.
Глетка што е честа деновиве - луѓето чекаат ред за да везат во ресторан, притоа почитувајќи ги мерките за дистанцирање.
Готвачите мораат да носат маски додека ја приготвуваат храната.
Угостителските објекти наоѓаат креативни начини да ги искористат терасите и бавчите – во овој ресторан направиле бар во летната бавча.
Лицата на келнерите се целосно покриено со маски и визири.
Жена купува храна „за носење“. Иако некои ресторани почнаа со работа како и вообичаено, голем број активно ја користат и оваа услуга.