Контроверзно видео на кое жена фрла 2-месечно бебе во базен стана хит меме

„Добив дури и смртни закани и критики дека сум најлошата мајка на светот, дека го загрозувам своето дете и го трауматизирам...“

kontroverzno-video-na-koe-zhena-frla-2-mesechno-bebe-vo-bazen-stana-hit-meme-01.jpg

Контроверзно TikTok видео го преплави Твитер. На него 27-годишната Криста Мејер од Колорадо, мајка на две момчиња, го фрла својот помал син Оливер во базен.

kontroverzno-video-na-koe-zhena-frla-2-mesechno-bebe-vo-bazen-stana-hit-meme-04.jpg

Сега тој има 8 месеци, но при снимањето на видеото, кое има милионски број на прегледи, имал 2 месеци.

И додека таа е инструкор по пливање и смета дека во тоа нема ништо опасно, многумина видеото го проценија како контроверзно.

На социјалните мрежи имаше низа критики упатени на нејзина сметка. Таа во коментар на видеото напишала: „Оливер ме воодушевува секоја седмица. Тој е мала риба“.

@mom.of.2.boyss

Oliver amazes me every week! I can’t believe he is barely 2 months in and is catching on so fast. He is a little fish. ##baby ##swim

♬ original sound - mom.of.2.boyss

По низата негативни реакции за видеото Мејер изјави:

„За многу луѓе е шокантно да видат бебе кое е фрлено во вода и си мислат дека тоа не е добро, дека тоа не треба да се прави. Добив дури и смртни закани и критики дека сум најлошата мајка на светот, дека го загрозувам своето дете и го трауматизирам, но јас сум инструктор по пливање и првата работа на која мислам е безбедноста. Ги учиме бебињата да се снајдат во секоја ситуација и да пронајдат стратегија да излезат од вода. Знам дека е лудо“.

Инаку нејзината школа за пливање за дечиња функционира веќе 7 години.

kontroverzno-video-na-koe-zhena-frla-2-mesechno-bebe-vo-bazen-stana-hit-meme-03.jpg

kontroverzno-video-na-koe-zhena-frla-2-mesechno-bebe-vo-bazen-stana-hit-meme-02.jpg

Видеото стана хит меме на Твитер:

https://twitter.com/4TheCulture____/status/1274732563509231618?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.buzzfeednews.com%2Farticle%2Fdavidmack%2Fviral-tiktok-of-baby-being-thrown-into-pool

https://twitter.com/elpeeabias/status/1274777675274391552?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.buzzfeednews.com%2Farticle%2Fdavidmack%2Fviral-tiktok-of-baby-being-thrown-into-pool

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Бебе херој: Се родило во петтиот месец тешко само 410 грама, а сега го прослави првиот роденден Сите ѝ рекле дека на бебето му нема спас и да се прости со него, но во мигот ког...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg