Плажите на Халкидики празни и тивки - во исчекување на туристи (фото)
- Детали
- среда, 17 јуни 2020
Вчера пристигнаа првите туристи од Србија на плажите во Грција. Се снаоѓаат. Чекаат со часови на границата со Бугарија. Некои од нив кои немале точна информација, тргнаа преку нашата земја па беа вратени назад од преминот Евзони.
Разочарани лица, деца кои со нетрпение очекувале да стигнат на море се вратија назад во своите домови. Дел од аранжманите откажани, но дел почнуваат да се реализираат.
Како изгледаат најпопуларните плажи на Халкидики деновиве? Освен за викенди, во деновите преку недела -навистина пусти.
Веројатно оние кои сакаат да уживаат во мирот и тишината и звуците на морето, ќе бидат задоволни од новата состојба на плажите.
https://www.instagram.com/p/CBc5jkFAjDQ/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CBabgXXpEnX/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CBInjreAHWu/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CBLJQbyAS3w/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CBK5uBxjSL6/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CBgG01wAcdR/?utm_source=ig_web_copy_link
Е. П. | Црнобело