Жена со изгореници на 85% од телото позира гола и испраќа моќна порака (вознемирувачки фотографии)
- Детали
- среда, 17 јуни 2020
Пред 20 години некогашната мисица Керол настрадала во пожар во семејниот дом, во кој вели дека изгубила многу од својата женственост, делови од прстите, делови од ушите, но научила да живее со тоа.
Керол Мајер е жена која доживеала страшна несреќа. Таа настрадала во пожар во својот дом и имала само 50% шанси за преживување, откако 85% од површината на нејзиното тело била изгорена.
Таа преживеала, но лузните од сериозните изгореници останале и 20 години подоцна.
Но, Керол успеала да се соочи со оваа физичка и ментална траума и неодамна позираше гола за да ја прикаже нејзината неверојатна издржливост.
53-годишната Керол некогаш била мисица во својот роден град во Австралија. Но, пожарот во 2000 година оставил сериозни последици на неа.
Сепак, таа е поим за храброст и позирајќи гола покажува дека има борбен дух и смелост каква што имаат малкумина.
Нејзината порака е дека ентузијазмот е најважен во сѐ и вели дека таа се води од мислата дека нејзините изгореници само може да закрепнат малку со текот на времето, но не и да се влошат.
Керол открива дека најстрашно околу позирањето гола ѝ било не да се соблече, туку да ја тргне лентата за коса од главата, за која вели дека ѝ давала сигурност и самодоверба.
Запознајте ја оваа неверојатна жена:
С. С. | Црнобело