87-годишна бабичка си нашла дечко на апликација за состанување и сега живеат заедно
- Детали
- среда, 20 мај 2020
„Во еден миг си реков имам 87 години и 13 години сум вдовица, па што чекам?“, вели Џен Роуз која веќе 4 месеци живее со своето ново 84-годишно „момче“.
87-годишна бабичка си нашла дечко на апликација за состанување и сега живеат заедно
Џен Роуз е 87-годишна бабичка која на својата 29-годишна внука Карли Лејк ѝ кажала дека сака да си најде партнер.
Сопругот на Роуз ѝ починал во 2007 година на 79 години и оттогаш таа живеела сама. По многуте години осаменост, почувствувала дека е подготвена да запознае некој нов маж во својот живот.
Карли која требала да се пресели во странство била среќна поради одлуката на баба ѝ и ѝ отворила профил на апликација за состанување. Испратиле пораки до неколку потенцијални кандидати и 84-годишниот Вич Вајт им вратил.
Сега, 4 месеци подоцна, парот живее заедно во самоизолација во Калифорнија.
Инаку, Роуз имала состанок само со Мич, кој веднаш ја привлекол, и вели: „Ние сме одличен пар, делиме сѐ, среќни сме. Не сум била толку среќна со години.“
С. С. | Црнобело