Пластична кукла со ботокс во лицето: Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп (фото)
- Детали
- среда, 06 мај 2020
Изгледот на сопругот на Иванка Трамп, Џаред Кушнер, честопати е споредуван со „кукла“.
Колумнистка на Guardian, Хедли Фримен, смета дека е сосема во ред да се зборува на темата дали некој правел естетски зафати на лицето – „да бидеме јасни, не можеме да се преправаме дека не забележуваме кога некој прави промени на лицето“.
„Секој кој нема забележано дека Рене Зелвегер одеднаш изгледа поинаку, треба да добие Оскар“ – вели колумнистката.
Хедли тврди дека Џаред има ставано ботокс во лицето затоа што има видлива промена во изгледот од 2015-та до денес - или подобро кажано, нема ниту една брчка, и делува како стаклена кукла.
Џаред Кушнер сега и во 2015-та со сопругата Иванка
Таа нагласува дека и неговата сопруга Иванка Трамп е далеку од природна – а, како доказ се разликите во нејзиниот нос и брада.
Добра генетика или ботокс? Кај Кушнер, изгледа во прилог сепак оди второто заради вештачкиот изглед со кој „плени“ сопругот на Иванка Трамп.
2006-та / 2019-та
Колумнистката со многу иронија пишува и за тоа дека Џаред најверојатно ја има купено факултетската диплома иако семејството го негира ова.
Е. П. | Црнобело