Мама Кејт во улога на фотограф: Роденденските фотки на принцот Луи со порака за медицинските лицa
- Детали
- четврток, 23 април 2020
По повод вториот роденден на принцот Луи, гордите родители, Кејт и Вилијам, споделија неколку портрети од синчето.
Фотографиите се направени од Кејт, неколку дена пред роденденот, а на нив малиот Луи си игра со бои.
„Војводата и војвотката од Кембриџ со задоволство споделија пет нови фотографии пред вториот роденден на Луи“, стои во објавата од Кензингтонската палата.
Наводно, малиот принц цртал со боите на виножитото како поддршка на британските медицински лица и другите работници кои се во првите редови во битката со корона вирусот.
На една од фотографиите се гледа и делото на Луи – отпечаток од неговата рака во боите на виножитото.
Кралското семејство моментално се изолира во домот Anmer Hall во Норфолк.
Луи нема многу јавни појавувања како неговите останати роднини, но очигледно му годи вниманието на слатките фотографии. Според изворите, роденденот ќе се прослави дома, во изолација.
Од Кензингтонската палата објавија и забавна споредба.
„Instagram vs. реалност. Ви благодариме на сите за прекрасните пораки за роденденот на принцот Луи“, стои во описот.
Интересно е што Кејт си направи еден вид традиција – секоја година, таа ги прави официјалните портрети што ги обележуваат родендените на нејзините деца.
Спирова С. | Црнобело