„Првпат гледам сино небо во последните 10 години“ - Загадувањето во Индија намалено поради карантинот
- Детали
- вторник, 07 април 2020
Уште минатиот месец почнавме да слушаме вести дека поради карантинот, се намалува загадувањето на воздухот.
Пред една недела, властите во Индија, една од најнаселените држави во светот, прогласија национален карантин, па и таму почна да се забележува подобрување на состојбата на воздухот.
Многу градови и држави се соочени со загадување, но во Индија ситуацијата е навистина лоша – во 2019-та се покажа дека 21 од 30-те најзагадени градови во светот се токму во оваа држава.
Сега, сите фабрики, пазари, продавници и храмови се привремено затворени. Поголемиот дел од јавниот сообраќај не е активен и сите луѓе седат дома.
Благодарение на карантинот, загадувањето се намалило за 71%, дури и во главниот град, Њу Делхи.
„Немам видено вакво вино небо во Делхи последниве 10 години“, изјавил коосновачот на индиската организација за заштита на околината Care for Air.
Истата ситуација беше забележана и во Италија, Шангај и многу места ширум светот.
Изгледа карантинот ќе ни помогне да се справиме со двајца непријатели – корона вирусот, но и загадувањето на воздухот.