Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Болничар ја открива суровата реалност за пациентите со КОВИД-19 - Помислете на ова пред да излезете

Пред неколку дена, еден болничар од САД решил да сподели со што се соочуваат оние кои се заразиле со новиот корона вирус.

bolnichar-ja-otkriva-surovata-realnost-so-koja-se-soochuvaat-zablenite-so-kovid-19-01 (1).jpg

Џејк Савоје забележал дека луѓето сè уште не ја сфаќаат ситуацијата сериозно и не ги почитуваат мерките за безбедност, па се обидел да ги натера сите да ја сфатат сериозноста на пандемијата.

Џејк накратко опишува како им е на луѓето кои се заразени или кои се сомнителни пациенти, надевајќи се дека ова ќе ги убеди сите да седат дома и да ги избегнуваат групните собири.

Неговата објава за само неколку дена има над 17.000 коментари и над 90.000 споделувања, па да се надеваме дека ќе им докаже на луѓето колку е важно да се однесуваат одговорно овој период.

Прочитајте што има да каже Џејк:

„Си реков дека нема да пишувам вакви објави, но не можам да молчам после долгите ноќи што ги поминав на работа. Разочарувачки е колку луѓе сè уште не го сфаќаат ова сериозно, па сакам да ви го направам што е можно пореално.

Во неделите пред вирусот конечно да допре до нашата област, прочитав многу текстови и објави кои ме предупредуваа за физичкиот напор што ќе го почувствувам како болничар. Ментално се подготвував за слоевите заштита што ќе ги носам, за потењето што ќе го почувствувам и слично. Сепак, не се подготвив за интензивните емоции што ќе ги чувствувам.

Заштитната опрема што ја гледате на мојата фотографија е само дел од она што го гледаат сомнителните или заразените со КОВИД-19 секојпат кога некој треба да влезе во нивната соба (соба во која ги минуваат сите часови САМИ).

Овие пациенти немаат нормална човечка интеракција од моментот кога ќе влезат во болницата, сè додека не ги прогласат за негативни, сè додека вирусот не поминал или, за жал, сè додека не го земат последниот здив. Моето срце се крши повеќе и повеќе секојпат кога влегувам во собата на пациентите и го гледам стравот во нивните очи. Размислете за ова следниот пат кога сакате да излезете бидејќи сте изморени од интеракција преку FaceTime или со оние во вашиот дом.

Кога состојбата на пациентите им се влошува и не можат да дишат сами, ние треба да им ги соопштиме лошите вести дека ќе бидат поставени на респиратор што ќе им ги поддржува белите дробови и другите органи. Уште еднаш, тие ги добиваат овие застрашувачки вести САМИ и нивниот единствен извор на утеха/емоционална поддршка доаѓа од мене, друга медицинска сестра, лекар или медицинско лице со целосна заштитна опрема.

Едно од најтешките работи што сум ги направил како медицинско лице е кога морам да кажам на возрасен човек, со солзи во очите, дека моментот од кој најмногу се плашел дошол – ’Наскоро јас и еден лекар ќе влеземе во собата со уште повеќе заштитна опрема и ќе ве поставиме на респиратор, но јас ќе бидам овде постојно… само замислувајте си дека јас сум едно од вашите деца кое ви ја држи раката‘. Помислете на ова следниот пат кога ќе поканите луѓе на гости бидејќи ви е здодевно и сте осамени.

Овие пациенти не се единствените кои го чувствуваат влијанието на сето ова. Членовите на нивните семејства се дома, постојано прашувајќи се дали се безбедни, згрижени, исплашени, дали им е удобно… дали косата им е исчешлана како вообичаено… дали спијат со две перници како што се навикнати… дали имаат некој со кого ќе се молат пред да јадат.

Нивните лекари, медицински сестри, целиот медицински тим се чувствува поразено бидејќи сакаат да помогнат, но ги потрошивме сите опции за третман, лекови и респираторни машини. Помислете на ова следниот пат кога сакате да ги игнорирате предупредувањата/советите на власта бидејќи ’сето ова е политичка измама‘.

Моите соработници и јас сме преморени, трауматизирани и исплашени, но ние сме тим рок-ѕвезди и ќе ја надминеме оваа здравствена криза. Ќе се бориме за нашите пациенти секој ден без оглед на околностите, но ве молам не правете ни ја работата потешка со тоа што ќе излегувате и ќе се собирате со други луѓе кога тоа не е неопходно.

Останете дома, охрабрете ги вашите сакани да останат дома, бидете одговорни и молете се за сите во првите редови на оваа пандемија.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Јас сум разгалена домаќинка во Дубаи, за Божиќ си добив филери и Dior чанта за моето бебе“ „Мене накитот на мојата ќерка ми е поважен од нејзиното образование, затоа што а...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Дечко од Канада бил несреќен на работа, си дал отказ и почнал да патува низ светот - денес е милионе... Кристијан Лебланк од Канада вели дека одлучил да ја напушти канцелариската работ...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...
Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg