Во време на корона: Тинејџерка (15) по последната хемотерапија пречекана со парада од соседите
- Детали
- вторник, 31 март 2020
Кога мислите и на другите, а не само на себе, светот дефинитивно е подобро место за живот.
Едно соседство во Калифорнија стана вирален хит, откако ѝ приреди топло добредојде за 15-годишна тинејџерка која заврши со хемотерапија.
Со балони и постери од автомобилите на улиците и на соодветна оддалеченост еден од друг, тие го одбележаа денот кога Коко ја прими последната хемотерапија.
Инаку, дијагнозата на Коко ѝ била поставена во јуни 2019 година, а сега кога конечно завршила со процесот на лекување поради слабиот имунитет и корона вирусот не можела да има забава за добредојде.
Соседите биле свесни низ што сѐ поминала, па се организирале за да ѝ го разубават денот.
Видеото што на Твитер го објави мајката на Коко, го сподели и актерот Џон Красински, кој го пофали потегот:
https://twitter.com/momuses/status/1242887097976909824?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1242887097976909824&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.insider.com%2Fteens-final-chemo-treatment-celebrated-social-distancing-parade-2020-3
С. С. | Црнобело