Професор за медал - им ги снимил предавањата на учениците, со Пинокио во прв ред
- Детали
- вторник, 24 март 2020
Овој професор е навистина еден и единствен и поради љубовта кон учениците би сторил сѐ.
Професор кој поради љубовта кон професијата не сака да оди во пензија и предава и на 74 години стана вирален хит.
Тој бидејќи не верува и не умее многу со користењето на интернет алатки, одлучил да ги сними сите свои предавања за до крајот на училишната година.
За барем малку да ја избегне непријатноста од зборувањето пред празна училница, тој ја ставил куклата Пинокио во прв ред, со што веруваме дополнително ги освоил срцата на своите ученици.
Поради светската пандемија не се знае кога учениците и студентите ќе се вратат во клупите и дотогаш мора да бидат во тек со материјалот од дома.
Запознајте го овој професор за медал:
https://twitter.com/macho_montana/status/1241811552472379393
С. .С. | Црнобело