Хуман гест: Блогери собраа 4 милиони евра за нов оддел за интензивна нега во Италија

Италијанската блогерка Кјара Ферањи и нејзиниот сопруг пред неколку недели почнаа да собираат пари за да ѝ помогнат на својата земја во борбата против корона вирус – благодарение на нив и луѓето од цел свет, отворен е нов оддел за интензивна нега.

human-gest-blogeri-sobraa-4-milioni-evra-za-novo-oddelenite-za-intenzivna-nega-vo-italija-01.jpg

Италија со сите сили се бори во борбата против корона вирусот кој зема голем замав во земјата, а Италијанците ја покажаа својата хуманост и желба да помогнат, но и целиот свет.

Кјара Ферањи и нејзиниот сопруг Федез се во домашен карантин и секојдневно ги забавуваат граѓаните мотивирајќи ги да останат дома.

Но, освен тоа, пред 2 недели тие почнаа да собираат донации од луѓе, а денес официјално покажаа за што се искористени парите.

„Пред 2 недели со Федез отворивме страна на GoFundMe за да собереме пари за нов оддел за интензивна нега кој ќе се изгради пред крајот на месецот. 2 недели подоцна, новиот оддел за интензивна нега е подготвен и почнува да ги прима првите пациенти од covid-19 денес.

Ви благодариме на сите донатори, кои беа преку 200.000 од цел свет и ни помогнаа да собереме 4 милиони евра. Има и добра страна на интернетот и добро е кога знаеш дека си помогнал. Ве молиме да продолжите да донирате за да се додадат повеќе кревети.“

https://www.instagram.com/p/B-EuYW8qXBh/

Федез исто така изрази голема благодарност до сите оние кои донирале, но и до тие кои деноноќно работеле во изминатиов период за да го овозможат ова и објави фотки:

otvoreno-novo-oddelenie-za-intenzivna-nega-vo-italija-parite-gi-sobraa-blogeri-so-donacii-02.jpg

otvoreno-novo-oddelenie-za-intenzivna-nega-vo-italija-parite-gi-sobraa-blogeri-so-donacii-03.jpg

otvoreno-novo-oddelenie-za-intenzivna-nega-vo-italija-parite-gi-sobraa-blogeri-so-donacii-04.jpg

otvoreno-novo-oddelenie-za-intenzivna-nega-vo-italija-parite-gi-sobraa-blogeri-so-donacii-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дете (8) од Африка ја поминало Сахара пеш за да стигне до Европа, откако селото му било уништено во ... 8-годишниот Оумар од Африка поминал над 5.600 километри за да стигне од Мали до ...
„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“ Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала до...
„Ме силуваа 3 часа“ – Потресно сведочење на шпанска блогерка која била нападната од 7 мажи додека ка... „Кога врескав ме удираа по лицето. Ги молев да престанат, им понудив пари, да зе...
Слаткото момче од Киндер денес е во љубов со Романка – Која е вереницата на заводникот од Србија? Била Мис Романија, се преселила во Италија и денес чекори на модните писти на го...
Сиромашен рудар од Индија ископа дијамант вреден 80.000 евра: „Парите ќе ги поделам со најблиските“ „Прво сакам да си ги исплатам долговите, а сè што ќе заработам од продажбата на ...
Жена ги покажа негативните страни на брзото слабеење со Оземпик - Испуштена кожа, испиено лице, спле... Што се случува со телото, кога наместо со вежбање и здрава исхрана ќе се обидете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg