Во Виена забранет е влез во јавен превоз од вратата кај возачот, a луѓето се опуштени и смирени во изолација (фото + видео)

Владата на Австрија, од денес воведе нови мерки за изолација од корона вирусот. 

kako-e-vo-viena-so-novite-merki-za-izolacija-lugeto-se-opusteni-i-smireni-foto-video-01.jpg

Домот смее да се напушти само во три случаи:

1. Доколку имате работни активности кои не можат да бидат одложени или да се завршат од дома;

2. За итни набавки на храна;

3. Ако треба да помогнете на други лица кои имаат итна потреба.

Отворени остануваат маркетите за храна, аптеките, поштите, бензинските пумпи, банките и продавниците за храна за животни.

Во јавниот превоз забранет е влезот од кај возачот. 

Напоменато е дека нема потреба да се прават огромни залихи на храна.

Жителите смеат да одат на прошетка сами или со оние со кои живеат. Ова е дозволено само ако е апсолутно неопходно, иако во парковите сè уште може да видите луѓе како џогираат, возат велосипеди и одмораат. 

Доколку некој ги прекрши правилата, полицијата може да го казни со 2.180 евра. Сите работат од дома. 

Од вторник 17 март рестораните и баровите ќе бидат целосно затворени. Пред оваа мерка, работеле до 15 часот. Кафулињата продаваат онлајн ваучери за оние кои сакаат да бидат солидарни и да помогнат да не останат без никаков прилив деновиве. Со ваучерите ќе можете да пиете кафе кога ќе помине кризната ситуација.  

vo-viena-zabranet-e-vlez-vo-javen-prevoz-od-vratata-kaj-vozacot-lugeto-se-opusteni-i-smireni-foto-video-02.jpg

Спортски терени и објекти, како и игралиштата се затворени веднаш.

Сите образовни институации се затворени. Градинките и основните училишта обезбедуваат грижа за децата затоа што сакаат да избегнат контакт со нивните баби и дедовци кои се ризична група. 

vo-viena-zabranet-e-vlez-vo-javen-prevoz-od-vratata-kaj-vozacot-lugeto-se-opusteni-i-smireni-foto-video-04.jpg

Помош од 4 милијарди евра е обезбедена за бизнисите кои „страдаат“ за време на изолацијата од корона вирусот. 

Е. П. | Црнобело / фото: С. П. А.

Би можело да ве интересира:

„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
Дечко од Велика Британија ја запроси саканата со напис на овен (фото) „Па, ова не е баш тоа што го очекуваш кога ќе тргнеш да бараш овца на рид, но......
„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“ Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала до...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
„Ми ги отстранија двете гради поради рак - Гордо ги покажувам лузните за да им помогнам на другите ж... „Кога ми беше дијагностициран рак, се приклучив на Фејсбук група за млади жени с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg